Достапни линкови

Повторно протести на стечајците


Пред ССМ и пред Владата стечајците повторно побараа обештетување. Тие му порача на премиерот Никола Груевски да се освести и да им даде корка леб на стечајците. Експерите велат дека пари во буџетот има, но нема политичка волја.

Надоместок од државата повторно побараа стечајните работници за еднаш засекогаш да се реши нивната голгота. Протестот го започнаа пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија. Тие бараа, но не успеаја да се видат со лидерот на синдикатот Живко Митревски. Од вработените им било кажано дека зградата има проблем со канализацијата и дека Митревски не е во неговата канцеларија.

Протестите ги продолжија и пред Владата, каде исто така не успеаа да се видат ни со премиерот Никола Груевски.
Mу порачувам на премиерот Никола Груевски денес на неговиот именден, на Свети Никола, на овој златен празник, да размисли малку, да му дојде свест и да ги обештети овие работници.
Лилјана Ѓорѓиевска, лидер на УНИТ


„Тоа се случува со години наназад. Тие не можат да се сретнат со нас дека се виновни. Така што му порачувам на премиерот Никола Груевски денес на неговиот именден на Свети Никола на овој златен празник да размисли малку, да му дојде свест и да ги обештети овие работници кои ја градеа државата и да им даде корка леб за да не одат повеќе по улици“, вели лидерката на УНИТ, Љиљана Ѓорѓиевска, според која бројката на стечајни работници кои треба да се обештетат изнесува околу шест илјади.

Здравко Савески од левичарското движење Солидарност вели дека ги поддржуваат стечајците и нивните барања.
Лилјана Ѓорѓиевска, лидерка на УНИТ
Лилјана Ѓорѓиевска, лидерка на УНИТ


„Законот кој го донесе Владата за обештетување на стечајците нема ефект и тој беше само за политички маркетинг. Владата излезе со податок дека 3000 стечајци ќе бидат обештетени. Агенцијата за вработување континуирано во овој период не излегува со бројка колку стечајци се обештетени со тој закон. Нивната бројка не е 3000, дали е 300 е прашањето“, вели Савески.
Има пари во буџетот за помош на стечајците, нема политичка волја.
Здравко Савески, Солидарност


Според него, само 0,46 отсто од буџетот е доволно за да се обештетат стечајците.

„Има пари во буџетот за помош на стечајците, нема политичка волја. Ако Владата не наоѓа сили да им најде работа на стечајците, мора да им даде паричен надоместок“, додава Савески.

Стечајците се незадоволни дека само мал број од нив со последните законски измени за обесштетување ќе добиваат месечен паричен надоместок од 7.100 денари до пензионирање или повторно вработување.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG